Пред неколку дена, Стефан Ристовски, новиот десен бек на португалскиот великан, Спортинг Лисабон, за хрватските медиуми ги откри причините за неговото заминување од Ријека. Македонецот изјави дека првиот човек на хрватскиот шампион, Дамир Мишковиќ, не ја зборуваше вистината кога тврдеше дека Ристовски сакаше да си замине од клубот и дека Ријека никогаш не му понудила нов договор.