Екипата на македонските интернационалци Стефан Ристовски и Леонард Жута, Ријека остана без клучен фудбалер во обидот да ја освои титулата во хрватскиот шампионат.
Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец кој ги брани боите на хрватска Ријека за време на зимскиот преоден рок ќе се обиде во Хрватска да го донесе својот брат Милан Ристовски.
Македонскиот фудбалски репрезентативец на десната бековска позиција, Стефан Ристовски кој со својот тим Ријека одигра одлична есенска полусезона по која што заврши прв на табелата во ХНЛ би можел зимава да го напушти клубот.
Лидерот во хрватскиот шампионат Ријека „грми“ по делењето на правдата на големото дерби против Динамо Загреб на „Максимир“ вчера попладне. Мечот заврши без победник 1-1, а екипата на Ристовски Жута долго време водеше и се наоѓаше пред победа.
Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Леонард Жута имаа одлично попладне со својот тим Ријека, затоа што во рамки на хрватската лига на „Максимир“ одигра 1-1 (0-0) против актуелниот првак Динамо Загреб.
Македонските фудбалски репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута со својот тим Ријека се пласираа во полуфиналето од Купот на Хрватска, откако во четвртфиналето денес на гостински терен остварија победа над Локомотив Загреб од 1-3 (0-3).
Стадионот во хрватскиот град Риека, „Кантрида“ целосно се наоѓа под вода. Поројните дождов ги поплавија теренот и објектите околу него. Водата забрзано се испумпува, но колку сериозни се штетите ќе се знае за неколку дена.
Вчера во Копривница се одигра дерби мечот од 16. коло на хрватскиот фудбалски шампионат помеѓу Славен Белупо на Мирко Ивановски и Ријека на Леонард Жута. Иако гостите беа фаворит во мечот, „плавите“ со одличен Ивановски во текот на целиот меч имаа многу повеќе шанси да го изненадат кандидатот за титулата. Лидерот се извлече и замина со бод од теренот на Славен Белупо. Погледнете ги шансите во возбудливото реми во ХНЛ дербито:
Фудбалерите на Славен Белупо направија вистински подвиг откако по поразот од Ријека во првиот полуфинален натпревар од 2-1, вечерва во реваншот славеја со 3-0 и се пласираа во големото финале од Купот на Хрватска.
По поразот од Динамо Загреб од 3-0, тимот на Ријека, за кој настапуваат македонските репрезентативци, Леонард Жута и Стефан Ристовски, денес со 1-0 го совлада Хајдук, со што ги задржа шансите за борба за трофејот во ХНЛ.
Фудбалерите на Динамо Загреб во дербито на 23. коло во хрватскиот шампионат славеа убедлива победа над Ријека со 3-0 (0-0). За тимот на Ријека Леонард Жута ги одигра сите 90 минути, а Стефан Ристовски беше заменет во 82. минута.
Екипата на Ријека, откако извојува победа во првиот меч од пролетниот дел во шампионатот на Хрватска над составот на Локомотив Загреб од 2-0, се искачи на врвот на табелата, барем привремено најмалку до неделниот дуел на Динамо Загреб со Загреб.
Во четвртфиналето на Купот на Хрватска, екипата на Ријека за која настапуваат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута, и во возвратниот меч на гостински терен ја совладаа екипата на Локомотива од Загреб со 1-0. Првиот меч заврши со 3-1 за Ријека и со вкупни 4-1, се пласира во полуфиналето.