Динамо и Ријека во продолжението од шампионатот влегуваат со ист број на бодови, со тоа што загрепчани имаат меч помалку. Домаќините на подготовките во Ровињ забележаа три победи, сите против солидни словенечки прволигашки екипи како Олимпија, Копер и Домжале, па во генералката на „Максимир“ беа подобри од Штурм Грац кој во моментов е на втората позиција во австриската Бундеслига. Нивниот ривал тренираше во Умаг и имаше нешто полесни противници и нешто полоши резултати. Секако, тоа во ова дерби нема да значи ништо, но факт е дека историјата на нивните пресметки „дебело“ е на страната на бранителот на шампионската титула.