Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра последниот натпревар во Динамо Загреб, а неговиот тим го победи ривалот Ријека со 1-0 (0-0) во рамките на 26. коло на ХНЛ. Пред натпреварот, долгогодишниот капитен доби збогување какво што заслужува на „Максимир“, со подароти од челниците на клубот, ама и транспарент и овации од најверните „Бед Блу Бојс“.