Екипата на РБ Лајпциг се пласира на четвртото место во Бундеслигата и со тоа избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Ова е одлична вест, не само за бундеслигашот, туку и за загрепски Динамо поради трансферот на Дани Олмо. Загрепскиот клуб оваа сезона од трансферот на Олмо заработи 3,5 милиони евра, а таа бројка може да се зголеми за уште еден милион евра.