Фудбалерите на Лацио ги надминаа лошите игри во Серија А и со победа ја отворија сезоната во Лигата на шампионите, откако во Рим, падна Борусија Дортмунд со 3-1 (2-0). Првиот гол во групната фаза на ова натпреварување, по оној од пред 13 години на Пандев, го постигна Имобиле, а Фелипе го натера Хиц да си даде и автогол. Иако Халанд намали, новодојдениот Акпа Акпро ја потврди победата за својот тим.