Екипата на Дебрецин доби уште еден Бабунски, откако Дориан му се приклучи на својот брат Давид и во иднина двајцата ќе го носат дресот на унгарскиот тим. На денешната промоција на 25-годишниот напаѓач, брат му Давид, истакна дека ова е историски момент за двајцата и верува дека со Дориан тимот ќе биде многу посилен во иднина.