Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски зад себе остави фантастична полусезона во унгарскиот шампионат, а со своите одлични партии во дресот на МТК привлече внимание кај неколку европски клубови.
Наводно во трката за потписот на македонскиот напаѓач влегоа италијанска Аталанта, германски Фрајбург и Славија Прага, а според унгарските медиуми МТК веќе одбил една понуда од еден милион евра. Кој клуб добил „корпа“ засега не е откриено, а се шпекулира дека унгарскиот тим би со согласил за трансфер на Миовски само во случај ако некој клуб понуди над два милиони евра.
Инаку, сезонава Бојан Миовски одигра 17 натпревари за МТК и постигна девет гола, а во октомври минатата година го имаше и својот деби настап во дресот на Македонија против Лихтенштајн