Фудбалерите на ПСЖ одиграа добар натпревар и победија на гостувањето кај Брест со 2-4 (1-2), во рамките на третото коло на француската Лига 1. Парижани според планот, рано поведоа и имаа контрола на играта, а иако домаќинот во два наврати погодуваше за надеж, искуството и квалитетот го направија своето.