Фросиноне, клуб чиј тренер е поранешниот легендарен играч на Лацио, Милан и италијанската репрезентација, Алесандро Неста не успеа да се пласира во елитната категорија на италијанскиот фудбал. Иако победи со 0-1 во реваншот од финалето на плеј-офот за промоција во Серија А против Специја, заради подобриот пласман на Специја во лигата, Фросиноне извиси и ќе игра и следната сезона во Серија Б.