Лион прослави очекувана победа против Тулуз во рамките на 21. коло на Лига 1, но натпреварот го одбележа еден застрашувачки момент. Имено, фудбалерот на Лион, Мартен Терие, ненадејно колабираше, падна на терен и предизвика страв и молк кај сите присутни на „Групама Стадиум“.