Фудбалерите на Клермон ја продолжија бајката и по влезот во првата француска лига (Лига 1), стигнаа до втората победа во второто коло, овојпат против Троа од 2-0 (0-0). Одново херој беше Мохамед Бајо, кој успеа два пати да се запише во листата на стрелци. Во првиот дел, погодоци немаше, а Троа остана со човек помалку откако Каборе беше исклучен. Натпреварот го реши Бајо, со головите во 53. и 65. минута.