Фудбалерите на ПСЖ запишаа и втора победа од стартот на сезоната во Лига 1, откако го совладаа Стразбур со 4-2 (3-0). Во атрактивен натпревар на „Паркот на принцовите“, со дури шест гола, парижани прокнижија нови бодови. Пред дуелот, на публиката на стадионот им беа промовирани новите засилувања, па поздравени беа Хакими, Вајналдум, Рамос, Донарума и Меси. Сепак, во стартната постава се најдоа само Хакими и Вајналдум.