Екипата на Челзи запиша нова победа во Лигата на шампионите, овојпат кај Рен од 1-2 (0-1) со што и математички си го обезбеди местото во осминафиналето. Погодокот на Хадсон-Одои во првиот дел не беше доволен, па Рен израмни преку Гираси. Сепак, Жиру стрелаше во финишот за момците на Френк Лампард да се радуваат на „Роажон Парк“.