Екипата на Лориент беше пред голема победа против лидерот и фаворит ПСЖ, но испушти водство во самата завршница и одигра реми (1-1). Пресметката од 19. коло на Лига 1 понуди допадлив фудбал, а парижани беа пред пораз. Интересен момент беше црвениот картон на Серхио Рамос, бидејќи за четири минути двапати доби жолт картон и порано го заврши дуелот.