Гледајќи ја табелата и гол разликата, прилично се изедначени, но ниту Лион, ниту Монако по седум кола не се наоѓаат таму каде што би сакале. Реми во последната средба од осмата рунда на Лига 1 која е на програмата в недела 25 октомври од 21:00 часот не би било задоволувачко ниту за „момчињата“ ниту за „кнезовите“, а пораз дополнително би ги разбудил проблемите.