Добро познатото Ронско дерби, вкупно 123. пресметка во сите натпреварувања, Сент Етјен и Лион ја дочекуваат во специфични околности. Домаќинот е оптоварен со лоши резултати, неочекувано се наоѓа на дното на табелата со три бода и без победа по осум кола во Лига 1, додека Лион е на седмото место, со веќе дванаесет бода заостанување во однос на водечкиот ПСЖ.