Лион полн со самодоверба доаѓа во кнежеството затоа што врза три победи во првенството и сериозно се приближи кон местата кои водат во Европа. Монако осцилира цела сезона, но многу пати покажа завиден квалитет, па никој не смее да го потцени овој тим, а посебно не кога се работи за мечевите на домашен терен.