Во последниот натпревар од 30. коло на францускиот шампионат Рен и Лион одиграа 2-2 (0-2), во меч за кој бодовите беа важни и за двете екипи поради борбата за пласман во ЛШ.
Фудбалерите на Лион во последниот натпревар од 29. коло славеа убедлива победа над Генгамп со 5-1 (3-1). Домаќините уште во првиот дел порачаа дека трите бода од денешниот меч остануваат на „Жерланд“. По само три минути игра поведоа со 1-0 со голот на Гезал. Во 11. минута гостите преку Турчинот Ердинг изедначија на 1-1 и тоа беше се од нив на денешниот меч.
Интересни моменти се случија на дуелот Лион и ПСЖ во неделата. Имено, дефанзивецот на домашната екипа, Јанга Мбива се обиде да го испровоцира Ибрахимовиќ, танцувајќи зад неговиот грб, откако неговата екипа постигна гол.
Во 28. коло на францускиот шампионат фудбалерите на Лион му го нанесоа првиот овосезонски пораз на ПСЖ, совладувајќи ги „светците“ со 2-1 (2-0). Домаќините имаа огромна подршка на својот „Жерланд“, на кој фановите на Лион направија прекрасна атмосфера.
Фудбалерите на Лион во денешниот натпревар од 26. коло на францускиот шампионат извојуваа сигурна победа над Kаен со 4-1 (3-0). Фудбалерите на Лион се во серија од три убедливи победи, по кои се блиску до местото кое во наредната сезона носи пласман во Лигата на шампионите.
ПСЖ е дефинитивно кошмар за екипата на Лион. „Светците“ го совладаа својот голем конкурент со 3-0 во осминафиналето на францускиот Куп, со голови во второто полувреме.
Конечно, по пауза од пет години францускиот великан Лион, на домашен терен успеа да го совлада вечниот ривал Бордо со 3-0 (1-0), во рамките од 23. коло од француската лига.
Фудбалерите на Лион и на Олимпик Марсеј одиграа 1-1 (0-0) во последниот натпревар од 22. коло на францускиот шампионат. Во тврд и не многу квалитетен натпревар требаше да падне еден гол за да повлече лавина од возбудувања.
Фудбалерите на ПСЖ иако настапија со силен состав, потешко од очекуваното го совладаа аматерскиот тим на Васкуехал, во Купот на Франција со минимални 1-0 (0-0). Натпреварот се одигра на стадионот на Лил, кој се наоѓа во близина на аматерскиот клуб.
Филипо Инзаги, е најсериозниот кандидат за нов тренер на Олимпик Лион. Весникот „Ле Паризиен“ најави разделба на тренерот Фурние и клубот кој оваа сезона игра многу послабо од предвиденото.