Екипата на Мец го шокира Олимпик Лион и на својот „Сент Симфориен“ победи со 3-2 (2-1) во рамките на 36. коло на француската Лига 1. Со оваа победа, прва по пауза од шест кола, аутсајдерот продолжи да сонува за опстанок во елитата, задавајќи му сериозен удар на Лион кој само теоретски остана во трка за пласман во евро-куповите.