Фудбалерите на Оксер победија по пауза од десет натпревари во француската Лига 1, откако со пресврт го совладаа фаворитот Лион (2-1). Средбата на „Aбе Дешамп“ тргна со гостинска предност, меѓутоа домаќинот со „блиц-криг“ дојде до целосен пресврт и на крајот победа.
Фудбалерите на Лион повторно ги разочараа своите фанови, бидејќи не го одбранија домашниот терен и на затворањето на денот во Лига 1 загубија од Стразбур со минимални 1-2 (1-2).
Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен ги напушти редовите на Зенит од Санкт Петерсбург и се врати во редовите на францускиот прволигаш Лион.
Американската компанија „Eagle football holding“ стана мнозински сопственик на францускиот фудбалски клуб Олимпик Лион, соопштија од клубот. Сопственик на оваа компанија е американскиот мултимилионер Џон Текстор.
Екипата на Ница прокоцка голема шанса за победа на дербито со Лион, откако Александар Лаказет во самата завршница погоди за домашниот тим и ги постави конечните 1-1.
Екипата на Олимпик Марсеј се врати на победничките патеки по четири рунди во Лига 1 и го доби дербито на колото против Лион со 1-0 (1-0). Средбата на „Велодром“ ја одлучи еден погодок во финишот на првото полувреме, за важни бодови на домаќинот.
Лоран Блан и неговиот Лион продолжуваат со победи по тренерскара смена пред десетина дена. Поранешниот француски селектор го предводеше Лион до победа против Лил со 1-0 (0-0), во тежок тактички дуел на францускиот стручњак со Португалецот Фонсека.
Екипата на Лион е во огромна криза. „Лавовите“ дома не успеаја да го победат Тулуз (1-1) и така петто коло по ред не знаат за успех во француската Лига 1.
Екипата на ПСЖ забележа нова победа во Лига 1 и се врати на лидерската позиција на табелата. Во дербито на осмото коло во францускиот шампионат „светците“ со минимални 0-1 го совладаа Лион и така ја впишаа седмата овосезонска победа.
По гостувањето во Хаифа, фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе отпатуваат за Лион. Таму против Олимпик ќе го одиграат дерби натпреварот од 8. коло од француската Лига 1. Избраниците на Кристоф Галтије ќе бидат топло дочекани од исклучително мотивиран противник кој изминативе седум дена се подготвуваше за овој натпревар.
Екипата на Монако тргна лошо во новата сезона, но со двете дерби-победи во низа, се е поинаку. Кнезовите успеаја да слават дома над Лион (1-0) и врзаа два успеха во низа со кои дојдоа во горниот дел на табелата во Лига 1.
Летото на промени е зад Лион. Во минатата сезона имаше доста критики на нивна сметка, а може да се каже дека се основани бидејќи примаа премногу голови и играа неконстантно. Толку беше лошо, што овој тим не успеа да дојде до европските натпреварувања.
Лион ги следи стапките на водечките во Лига 1 и преку Троа (4-1) оствари втора сезонска победа. Со седум бода тимот на Бош е привремен лидер, со исти бодови како единствената максимална екипа во лигата, првакот ПСЖ, но и натпревар помалку.