Покрај Нанси и Дижон од наредната сезона во првата француска лига ќе настапува и тимот на Мец. Мец и Ле Авр на крајот завршија со ист број на бодови, иста гол разлика, но пресудија повеќето постигнати голови, а тука два повеќе има тимот на Мец. По натпреварот фудбалерите на Мец со големо славје во соблекувалната го прославија враќањето во елитата на францускиот фудбал.