Пари Сен Жермен има страшен напаѓачки трилинг, им влева страв во коските на ривалите со Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар, но за дербито со Ленс, Кристоф Галтие одеднаш се најде во огромни проблеми. На Аргентинецот му даде продолжен одмор по освојувањето на Светското првенство, му даде дозвола да ги помине празниците со семејството во татковината. А, немаше поим што ќе направи Бразилецот.