Екипата на ПСЖ успеа да ја зголеми предноста на врвот во француската Прва лига, откако денес на домашен терен го совлада Нант (4-1) за 11. сезонска победа.
Дербито на Атлантикот и дуелот на соседите Бордо и Нант на „Mатмут Атлантик“ заврши без победник, 1-1 (0-1). Така прекината е серијата од четири победи по ред на „жолто-зелените“ на Клаудио Раниери, но и покрај тоа, Нант е најпријатното изненадување на почетокот од новата сезона во Лига 1.
Неделната мпонуда од првото коло на новиот француски шампионат ја отворија Лил и Нант во дуел на две тренерски легенди, повратници во францускиот фудбал, Марсело Биелса на клупата на „црвените“ од Лил и Клаудио Раниери како предводник на „канаринците“.
Бундеслигашот Шалке 04 го доведе младио францускиот репрезентативец, Амин Арит од Нант за 10 милиони евра. Се работи за голем талент за кого се интересираа голем број француски прволигаши, но клубот од рурската област беше побрз.
Едно од најголемите тренерски имиња во последниот период, Клаудио Раниери, е нов предводник на тимот на Нант. Овој премин на италијанскиот стручњак беше официјализиран вчера со прес-конференција, на која новинарите веднаш го запрашаа за неговиот претходен клуб, Лестер Сити.
Легендарниот италијански стручњак, Клаудио Раниери и официјално повторно ѝ се врати на фудбалската игра. Поранешниот предводник на Челзи, Јуве, Монако, Лестер Сити... од денес е нов тренер на францускиот гигант, Нант.
Италијанскиот стручњак, Клаудио Раниери во наредните неколку дена и официјално ќе му се врати на тренерската работа, а пречка за потврдата се неговите години.
Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери е најсериозен кандидат за тренер на француски Нант. Весникот Раководството на „канаринците” стапило контакт со стратегот и преговорите се во тек.
Марио Балотели е прогласен како најтешкиот фудбалер за тренирање од страна на Брендан Роџерс, Жозе Мурињо и Роберто Манчини. Италијанскиот фудбалер сега е дел од француското првенство, односно од екипата на Ница.
Во првиот денешен дуел од 30. коло во францускиот шампионат, еден од аспираните за титулата, фудбалерите на Ница на гостински терен одиграа само 1-1 (1-1) против Нант и полека го губат чекорот со Монако и ПСЖ.
Фудбалерите на Монако во последниот натпревар од 28. коло на францускиот шампионат на „Луј Втори“ со 4-0 (3-0) го совладаа тимот на Нант и повторно ја вратија позитивата од +3 пред ПСЖ и Ница.
Екипата на Нант славеше на домашен терен во последниот натпревар од 24. коло на францускиот шампионат и му го нанесе четвртиот пораз на последните шест натпревари на Олимпик Марсеј (3-1).
По вчерашниот кикс на лидерот Ница, кој одигра 1-1 со Бастија, во првиот денешен натпревар од 21. коло на францускиот шампионат, фудбалерите на ПСЖ славеа гостинска победа кај Нант со 0-2 (0-1). Со денешниот пораз фудбалерите на Нант ја прекинаа серијата од четири победи по ред.
Во првиот денешен натпревар од 13. коло во францускиот шампионат фудбалерите на ПСЖ на домашен терен го совладаа Нант со 2-0 (1-0). По денешната победа „светците“ се израмнија со лидерот Монако на првото место, со натпревар повеќе од Ница.
Во последниот натпревар од 7. коло на францускиот шампионат, фудбалерите на Олимпик Марсеј на својот „Велодром“ успеаа да го освојат целиот плен, совладувајќи го тимот на Нант со 2-1 (1-1). За Олимпик Марсеј денешната победа беше нивна втора во новиот шампионат, со што побегнаа од самото дно на табелата, за разлика од Нант кој сега е во опасната зона.
Марио Балотели може да ја продолжи кариерата во Франција, бидејќи интерес за 25-годишниот фудбалер, кој е под договор со Ливерпул, покажа екипата на Нант.
По ПСЖ и Лион кои директно се пласираа во следната сезона на Лигата на шампионите, Монако на португалскиот стручњак Леонардо Жардим е третата екипа која се избори за место во квалификациите од европската елита. Во борбата со Ница клубот од кнежевството излезе како победник и ја совлада екипата на Монпелје со 2-0 (2-0) со головите на Иван Кавалеиро и Фабињо. Ница залудно победи во Гимгкамп со 2-3 и ќе мора да се задоволи со учество во Лига Европа, но и овој резултат е нивни најдобар во клупската историја. Пле постигна два, а Сери еден гол во гостинската победа на Ница.