По двете реми средби во низа, фудбалерите на ПСЖ конечно им се вратија на старите навики во Лига 1, и со победа ја завршија 2018 година. Избраниците на Томас Тухел, потешко од очекуваното, запишаа нови три бода на своето конто, откако на „Паркот на принцевите“ пресуди само еден гол, кој на крај беше доволен за минимална победа над Нант од 1-0.