По трипати досега фудбалерите на Ница и Нант го освојуваа Купот на Франција, но сите тие титули ги кренаа во 20-тиот век. Сега, по цела деценија пост некој конечно ќе ги освежи своите витрини, а името на новиот освојувач ќе го добиеме во сабота по натпреварот кој ќе се одигра на „Стад де Франс“ во Сен Дени од 21:00 часот.