Моќниот Пари Сен Жермен оваа сезона нема конкуренција во Лига 1, додека за сите места во Европа се води голема борба. Марсеј моментално е најблизок следбеник на „светците“, но тимот од „Велодром“ не може да се пофали со добра форма. Има само еден бод во претходните две кола, а тимот на аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли во овој шампионат подобро игра на гости отколку на својот стадион, дома има само пет победи на 13 натпревари, а како гостин дури осум триумфи.