Требаше да биде рутинска победа на Шкендија против Царев двор, а настана цел еден фудбалски циркус. Тетовчани не постигнаа гол преку 70 минути, од кои половина во фудбалски, а половина во ватерполо услови. Ибраими не реализира пенал, напаѓачите на домашнате екипа се изнапромашуваа, па ги спаси судијата Влахо со означениот предвремен крај. Мечот ќе се преигра од првата минута утре, па навивачите на Шкендија може да здивнат, бидејќи ќе имаат нови 90 минути да ги „скршат царевите“.