Репрезентацијата на Шпанија стигна до втората победа во квалификациите за Светското првенство, откако дома слави со Косово (3-1). „Црвената фурија“ рутински ја заврши задачата во Севиља, водеше со 2-0 до полувремето, а иако гостите се вратија, немаа сили за изненадување.