По непредвидениот кикс против Фулам во средата, Тотенхем им се врати на победите и во првиот неделен натпревар од 18. коло на Премиер лигата славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 1-3 (0-2). Момците на Мурињо не ги повторија грешките од последните натпревари, во кои играа добро само едно полувреме, туку навреме дојдоа до солидна залиха и ги освоија сите три бода од теренот на „фенерџијата“ во лигата.