Македонскиот фудбалски клуб, дебитант во Европа, Струга Трим Љум ги заврши меѓународните настапи, откако беше елиминиран уште во првото коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Во својот деби настап, стружани одиграа одлично на гости во Латвија (1-1), но денес целосно потфрлија во Скопје и со убедлив пораз од 1-4 (0-1) забележаа елиминација во новото натпреварување.