Откако првично се двоумеше, Кејлор Навас на крајот ја прифати понудата од Премиер лигата. Нотингем Форест беше принуден да најде решение на голот по тешката повреда на Дин Хендерсон, кој ќе отсуствува неколку месеци. Навас го одби трансферот во Ал-Наср, клубот од Саудиска Арабија, кому неодамна му се приклучи Кристијано Роналдо.