По натпреварот против Бугарија на гостински терен, за Македонија следи уште едно гостување. Нашиот национален тим гостува кај аутсајдерот во групата, селекцијата на Гибралтар, кај која сѐ освен три бода ќе биде неуспех. Секоја почит за противникот, но Гибралтарците на ривалите им служат за поправање на гол-разликата. Благоја Милевски и избраниците се свесни за тоа и ќе атакуваат на триумф на гостувањето каде досега минуваа лесно низ историјата. По незгодниот натпревар во Разград, за очекување е на овој натпревар шанса да добијат некои нови имиња во националниот тим, пред сѐ помладите, за кревање на самодовербата и собирање на искуство пред следните предизвици.