Во улога на аутсајдери, но во добра атмосфера, Гибралтарците пристигнаа во Скопје на вториот натпревар против Македонија во овој јунски прозорец во Лигата на нациите. Ремито против Бугарија е охрабрувачки резултат за овој национален тим (1-1), па посакуваат нова сензација, овој пат во Скопје.