Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, со својата АЕК Ларнака, ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, откако забележа елиминација во второто коло.
Мидтјиланд со четири бода во два меча со Црвена Звезда целосно се вклучи во борбата за пласман во нокаут-фазата од Лигата на Европа, но сето тоа го уништи со двата врзани порази во првенството, па со разнишана самодоверба го пречекува лидерот во групата Ф. Брага со три врзани победи во ова натпреварување изби на лидерската позиција и доволен ѝ е и бод во Хернинг за да обезбеди премин во следната фаза.
Амбулантно возило мораше да интервенира брзо по мечот меѓу Црвена Звезда и Мидтјиланд, во кое заврши кондициониот тренер на српскиот првак Федерико Панончини.
Екипата на Црвена Звезда доживеа кобен пораз од Мидтјиланд на домашен терен (0-1) и го загуби лидерското место во групата Ф во рамки на Лигата на Европа на УЕФА.
Време е да се тргне по европската пролет. Црвена Звезда направи голем кикс во првенството, со поразот од Радник влезе во недозволен минус, но тимот на Дејан Станковиќ на меѓународната сцена игра одлично. И во четврток вечер (21:00) има шанси со триумф над Мидтјиланд практично да ја завери втората европска пролет по ред, трета во последните пет сезони.
Екипата на Црвена Звезда освои бод на гостувањето кај Мидтјиланд (1-1) и остана непоразена во групната фаза на Лига Европа. Овој резултат го донесе тимот на чекор до европска пролет и расплетот ќе се решава следната рунда, кога скандинавскиот тим гостува во Белград.
Поради репрезентативната пауза на Црвена Звезда ѝ годеше одморот и доста активно влезе во дуелот со Колубара и уште до полувремето ја наполнија мрежата на ривалот од Лазаревац. На крајот, беше 7-1, а сега следи европскиот предизвик.
Во првото коло од групната фаза на Лига Европа, Црвена Звезда и Брага ќе се сретнат в четврток во Белград (18:45 часот), а во исто време, нивните ривали Мидтјиланд и Лудогорец ќе играат во Хернинг, Данска.
Екипата на Ливерпул не успеа со победа да ја затвори групната фаза од Лигата на шампионите, откако во последното коло како гостин ремизираше против дански Мидтјиланд (1-1), но овој натпревар беше посебен за првата ѕвезда на „црвените“ Мохамед Салах.
Видеото од легендарното загревање на Диего Армандо Марадона на кое тој танцува и се подготвува за меч кружи по смртта на легендата кружи на социјалните мрежи, а еден од членовите на Ајакс го повтори во негова чест.
Екипата на Ливерпул иако со речиси комплетно втор тим запиша нова победа во Лигата на шампионите и е на чекор до обезбедување на елиминационата фаза во европската фудбалска елита.
Еден од најголемите фаворити за трофејот во Лигата на шампионите, Манчестер Сити, ја забележа и втората победа во новата сезона на најквалитетното клупско натпреварување на светот. По сигурниот триумф над Порто во претходното коло (3-1), вечерва момците на Пеп Гвардиола го надиграа Олимпик Марсеј и со сигурни 0-3 се враќаат за Островот.
Аталанта одново покажа сила и препознатлива игра, па се радуваше на убедлив триумф во Данска кај Мидтјиланд од 0-4 (0-3) во првото коло од Лигата на шампионите. Очигледно избраниците на Гасперини лесно го надминаа убедливиот пораз од Наполи викендов во Серија А и покажаа дека се тим кој игра неверојатен фудбал.
Еден од најдобрите офанзивци во поновата историја на холандскиот фудбал, Рафаел ван дер Варт, својата фудбалска кариера одлучи да ја продолжи во Данска во тимот на Мидтјиланд.