Македонскиот првак Вардар забележа нова победа во Лигата на шампионите. По сезнацијата над Малме, во Скопје на колена е фрлен и дански Копенхаген, тим кој редовно учествува во најсилните европски натпреварувања. Тимот на Седлоски одигра нов меч без респект и покажа дека веќе е зрел за успех во Европа. На крила на навивачите „црвено-црните“ одиграа лудо, направија чудо, а по средбата заеднички порачаа - „И пази, и пази, ВАРДАР ГАЗИ!“