Манчестер Јунајтед ќе игра во полуфиналето на Лигата на Европа, откако доста се намачи со Копенхаген, но успеа да го совлада данскиот великан со погодок во екстра времето (1-0), откако регуларниот дел заврши без голови. Составот на Стале Солбакенј скапо ја „продаде кожата“, играше полетно и со малку среќа моеже да приреди сензација. Солскјер го доби норвешкиот дуел на клупите и може да ја донесе втората титула од Лига Европа на „Олд Трафорд“ во интервал во три години.