Екипата која игра во најдобра форма во новата година во Серија А, римски Лацио, им се врати на победите по ремито во градското дерби со Рома пред една недела. Екипата на Симоне Инзаги го декласира СПАЛ со 5-1 (4-0) и изби на второто место на табелата, во очекување на дуелот Удинезе – Интер вечерва, но и заостанатиот натпревар на римјаните со Верона во Рим в среда.