Кочо Анѓушев, долгогодишниот финансиер на фудбалскиот клуб Борец, на последното собрание на ОФС Велес најави можно повлекување од главната структура во колективот од Велес, а навивачите на клубот, популарните „Гемиџии“, се огласија со соопштение.
Александар Васоски со победа ја стартуваше својата ера во редовите на Академија Пандев. Популарниот „Тетовче“ пред еден месец го напушти кормилото на Вардар и се реши да се пресели во струмичкиот тим, за кого денес со победа дебитираше на клупата.
Екипата на Борец од Велес продолжи да се екипира за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и пред стартот на подготовките донесе две нови имиња.
Екипата на Борец од Велес официјално означи старт на подготовките за пролениот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и понатаму ќе работи под палката на Горазд Михајлов.
Младиот напаѓач Александар Мишов од вториот дел од шампионатот на Македонија нема да го носи дресот на струмичкиот прволигаш. Имено, 22-годишникот го раскина договорот со „пандевци“ и се наоѓа пред одлука каде ќе ја продолжи кариерата,
Благодарение на одличните декемвриски натпревари Работнички го напушти дното и ќе преземи на средината на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Третата победа на последните пет натпревари, момците на Ратко Достаниќ ја извојуваа во 18. коло, откако во Скопје го совладаа Борец со 2-1 (1-1).
Во последниот натпревар од есенската полусезона, Работнички на домашен терен ќе го пречека Борец, во обид да освои три бода и дополнително да се одлепи од екипите во опасната зона.
Екипата на Борец од Велес на домашен терен славеше над Силекс (2-0) и им се врати на победите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) на едно коло пред крајот на есенскиот дел од шампионатот.
Екипите кои две кола во низа не знаат за триумф, попладнево (13:00) ќе се борат за враќање на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Борец и Силекс во Велес би требало да го одиграат еден од највозбудливте натпревари од денешната програма на фудбалската елита во Македонија.
Академија Пандев го пречека Борец и му се реваншира за поразот од првото соочување оваа сезона со пресврт во второто полувреме (2-1) во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Гостите поведоа во првиот дел, а потоа Радески со пенал и погодок со глава го донесе конечниот резултат во продолжението.
Серијата порази на Академија Пандев беше прекината во претходното коло, откако Стоилов со мајсторски слободен удар донесе голем бод за својата екипа на гостинскиот дуел против секогаш незгодната Струга Трим Љум.
Шкендија победи кај Борец (0-2) и остана на врвот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но овој натпревар го одбележаа два спорни моменти, кои се за анализа и по кои домаќинот може да се чувствува оштетен.
Фудбалерите на Шкендија му се реваншираа на Борец за ремито во Тетово во нивниот прв овосезонски дуел и денес во воведниот натпревар од 15. коло на ПМФЛ со заслужени 0-2 (0-1) се враќаат од гостувањето во Велес.
Шкендија е најдобрата екипа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а сега ќе има интересен предизвик, на гостувањето кај Борец во Велес, на терен кој важи за еден од најтешките за игра во македонскиот фудбалски шампионат.
Екипата на Борец со 2-1 (0-0) ја победи Струга Трим Љум во дуелот од 14 коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата одиграна на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес немаше речиси ниту едно возбудување во првиот дел, па понуди далеку посодржајно второ. Гостите поведоа преку Абдулхади Јахја, а израмнување за велешани донесе капитенот Прелчец. Сепак, со гол од белата точка Борец успеа да победи на крајот.