Тим на сезоната во ЛШ: Го нема Роналдо, англиска доминација во изборот!

По финишот на сезоната во Лигата на шампионите и крунисувањето на Челзи за нов првак на Европа, очекувано УЕФА го објави и тимот на годината. 

По трофејот во елитното натпреварување, играчите на Челзи се најброни во тимот на сезоната и ги има вкупно седум, додека од поразениот тим во финалето, Манчестер Сити има шестмина. По нив најмногу играчи има Реал (три), а тука се и Баерн Минхен и ПСЖ со по два. 

  • Тим на сезоната во ЛШ:

Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челзи);
Дефанзивци: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Маркињос (ПСЖ), Антонио Рудигер, Бен Чилвел (Челзи), Давид Алаба (Баерн Минхен);
Среден ред: Жоржињо, Мејсон Маунт, Нголо Канте (Челзи); Кевин Де Брујне, Илкај Гундоган, Фил Фоден (Манчестер Сити), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Сергио Оливеира (Порто);
Напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Килијан Мбапе, Нејмар (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Лионел Меси (Барселона). 

Интересно, во тимот на сезоната го нема Кристијано Роналдо и ниту еден негов соиграч од Јувентус, пред сè поради раната елиминација. Исто така, Барселона е со само еден играч во името на Меси, што исто така е несвојствено за вакви екипи. Сепак, лошата претстава во Лигата на шампионите донесе ваква разврска во изборот за најдобри играчи.