• Мартин Танасковски
По крајот на сезоната во Лигата на шампионите, УЕФА го одреди и најдобриот тим на турнирот во кој очекуваано доминираат играчи од победникот ПСЖ.
Вкупно седум играчи доаѓаат од францускиот првак, што е апсолутна доминација во идеалната единаесетка. Само еден играч имаше од Интер, вториот финалист во ЛШ, тоа е стоперот Бастони.
Во идеалниот тим имаше место и за двајцата офанзивци на Барселона, Ламин Јамал и Рафиња, а во средниот ред се најде и Деклан Рајс од Арсенал.
ФОТО: Paris Saint-Germain / Twitter