Тим на македонски тренер со службен пораз во ЛШ заради заразени играчи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) најави дека нема да простува ако во екипите има играчи заразени со ковид-19. Тоа го почувствува косовска Дрита, која службено го загуби мечот со Линфилд и испадна од ЛШ.

Еден играч на Дрита беше позитивен на коронавирус, па УЕФА го одложи натпреварот. По новите тестирања, уште еден играч се покажа како позитивен, па Дрита доби санкција и со службени 0-3 ја загуби средбата.

Инаку, тренер на оваа екипа е некогашниот македонски фудбалер Ардиан Нухиу. Има и четворица македонски играчи, а тоа се Ардиан Цуцули, Изаир Емини, Буњамин Шабани и Дарко Тофиловски.