ВИДЕО: Тим кој се бори за опстанок го сопна Наполи во трката за скудетото

Екипата на Наполи ги изненади своите навивачи и одигра реми против претпоследната Венеција (0-0) во првиот меч на колото во Серија А.

Популарните „партенопеи“ на Антонио Конте имаа шанси за гол, но не ги искористија. Венеција даде солиден отпор, па го запиша четвртото реми во низа во калчото, по нерешените исходи со Лацио, Аталанта и Комо.

Три од четирите последни средби на Венеција завршија без голови. Тимот се бори за опстанок, а се наоѓа на пет бода од безбедната зона. Наполи, пак, е израмнет со Интер на врвот со по 61 бод, но чека исход од дербито меѓу Аталанта и првакот.

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло Наполи го чека домашен меч со Милан, додека Венеција се соочува со Болоња.