• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Колумбија потврди дека имаше само еден лош ден против Боливија и со убедлива победа против Чиле (4-0) остана меѓу најдобрите екипи во КОНМЕБОЛ зоната од квалификациите за СП 2026.
- Колумбија - Чиле 4-0:
Покрај многуте голови, домаќините можат да бидат задоволни и со тоа што головите ги постигнаа четворица различни стрелци. Дејвинсон Санчез го отвори резултатот во 34. минута, а во екстра-времето од првото полувреме погоди напаѓачот на руски Краснодар, Џон Кордоба, но голот беше поништен по прегледување на ситуацијата преку ВАР-системот.
Луис Диаз и официјално го удвои водството на својата екипа набргу по паузата во 52. минута, а головите кои го поставија конечниот резултат пристигнаа во последните моменти од натпреварот, кога прво погоди Џон Дуран 82. минута, а во 93. минута во листата на стрелци се запиша и Луис Синистера. Со успехот Колумбијците се вратија на победничкиот пат откако минатата недела загубија од Боливија со 0-1.
- Парагвај - Венцуела 2-1:
На останатите натпревари, Парагвај дома со пресврт со 2-1 славеше над Венецуела. Венецуелците поведоа во првиот дел преку Арамбуру во 25. минута, а домашните не реализираа пенал во 41. минута за израмнување. Но, во вториот дел работите дојдоа за нив на свое место, откако нововлезениот Санабриа со два гола донесе три бода.
- Уругвај - Парагвај 0-0:
Дуелот Уругвај - Еквадор заврши без голови - 0-0.