Тилеманс и Лукаку ѝ донесоа победа на Белгија во Риека

Репрезентацијата на Белгија ја совлада Хрватска во претпоследниот подготвителен натпревар пред Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико со 2-0 (1-0). „Црвените ѓаволи“ во Риека ги надиграа „коцкестите“ благодарение на головите на Јури Тилеманс и Ромелу Лукаку.

Играчот од средниот ред на Астон Вила во 38. минута се најде на вистинското место во вистинско време. Со малку среќа, топката по центаршутот на Доку се одби од двајца играчи и стигна до Тилеманс, кој погоди за водство на гостите. 

Селекторите во второто полувреме направија речиси комплетни измени и им дадоа шанса на повеќето фудбалери. Конечниот резултат на „Рујевица“ го постави Ромелу Лукаку во самата завршница. 

Само по пет играчи од двете страни не влегоа во игра, но за нив се очекува да добијат минутажа во последните проверки – Хрватска игра против Словенија на 7 јуни, а Белгија ден претходно против Тунис.