• Иван Димовски

Фудбалскиот клуб Тиквеш работи на засилување на тимот за следната сезона во која борбата за опстанокот ќе биде уште потешка. Кавадарчани во финишот на завршената кампања избегнаа релегација, а во следната ќе мора да бидат многу посилни бидејќи директно ќе испаднат дури три екипи, додека две ќе одат во баражот.
За таа цел Тиквеш почна да работи на квалитетни и искусни засилувања. Според информациите од Кавадарци, клубот е во преговори и може да потпише со петмина квалитетни фудбалери, од кои тројца би се вратиле од странски ангажмани за да заиграат за Тиквеш.
Клубот е во преговори со стоперот Дарко Илиески кој настапуваше за Билис, голманот Кристијан Наумовски кој беше дел од ДПММ, Кристијан Ацковски кој мина сезона во романски Корвинул. Од домашното првенство се преговара со Алберт Диене од Шкупи и Имран Фетаи од испаднатата Беса кој веќе мина една сезона на позајмица во Тиквеш.
Дури и да не се исполнат сите трансфер желби на кавадарчани и дојдат само дел од нив, ова се фудбалери кои можат да направат разлика и да го кренат тимското ниво.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.