Тиквеш во нападот го донесе Хрватот Михаљевиќ

Екипата на Тиквеш има нов странец во ростерот за продолжението од сезоната, тоа е Хрватот Филип Михаљевиќ кој доаѓа како слободен играч.

Се работи за 32-годишен центарфор, кој доаѓа од тимот на ГОШК Габела, клуб за кој играше во шампионатот на Босна и Херцеговина. Во сезоната 24/25, Михаљевиќ за тимот одигра петнаесет натпревари, на кои даде два гола со уште една асистенција.

Низ кариерата Михаљевиќ играше и за хрватските клубови Динамо Загреб, Сесвете, Локомотива Загреб, Радник Сесвете, беше дел и од Широки Бријег од БиХ, Локо Пловдив од Бугарија, Видзев Лоѓ од Полска, Фин Харпс од Ирска...

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.