• Иван Димовски

Фудбалскиот клуб Тиквеш реши да направи постхумен гест за трагично починатиот фудбалер Андреј Лазаров.
25-годишникот беше една од жртвите на страшниот пожар во Кочани, откако иако веќе се спасил се вратил да помогне на младите лица внатре во ноќниот клуб. Следниот ден Лазаров им подлегна на повредите и почина, но со херојски статус.
Во чест на Лазаров и знак на благодарност, Тиквеш реши во иднина повеќе да не го користи дресот со број 16. Оваа бројка најдолго ја носеше Андреј Лазаров за време на настапите во тимот од Кавадарци.
Тиквеш го повлече од употреба и дресот ќе остане истакнат во клупските простории.