Тиквеш слави во генералката пред стартот на новата сезона во ПМФЛ

Екипата на Тиквеш победи во генералката пред стартот на ПМФЛ, на свој терен против Детонит Јуниор од Радовиш со 2-0 . 

Кавадарчани по долго време се вратија во елитата на македонскиот фудбал, а по успешните подготовки одиграа и неколку добри контролни средби. На денешниот дуел против гостите од Радовиш, со погодоците на Ивановски и Мишов, Тиквеш стигна до победа со два гола и без примен. 

Иако предводникот Блажевски им даде шанса на повеќе фудбалери од тимот, Тиквеш немаше проблеми и лесно дојде до триумф. 

Следниот викенд, Тиквеш во првото коло на ПМФЛ ќе го дочека шампионот Шкендија во Кавадарци.