Тиквеш се засили со младински репрезентативец на Македонија

Репрезентативецот на селекцијата до 19 години, Марио Илиевски, е промовиран во нов играч на ГФК Тиквеш, една од најдобрите екипи во Втората лига - Исток.

Илиевски, кој настапува во средниот ред и има 17 години, во редовите на екипата од Кавадарци доаѓа на позајмица. Тој беше дел од бугарски Септември, но ќе бара поголема минутажа во Тиквеш.

Договорот на двете страни е до јуни, 2020 година. Илиевски претходно настапуваше за Вардар Неготино и за младинскиот тим на Вардар.